На ИФФК „Браќа Манаки“ претставено фестивалското жири
ИФФК „Браќа Манаки“ денеска во Битола го претстави меѓународното жири кое го предводи Федон Папамихаел од Грција кој живее и работи во САД, Алин Ташчијан, филмска критичарка од Турција, Клер Пијман, кинематограферка од Холандија, и Владимир Самоиловски, кинематографер од Македонија.
Според Папамихаил, ИФФК „Браќа Манаки“ е фестивал што ја слави кинематографијата, и овозможува директни средби меѓу кинематограферите од светот.
- Секогаш сум бил љубопитен за овој фестивал. Прво, затоа што е на Балканот, потоа затоа што е многу ексклузивен за кинематогарферите и затоа што претставува уникатна можност да се запознаеме меѓусебе. Мислам дека можеме уште повеќе да го промовираме, да привлечеме повеќе гости и предлагам што повеќе да се анимираат студентите на филм, бидејќи тоа е многу важно за новите генерации, да сретнат еден Џон Сил со што младите ќе имаат интеракција со повозрасните, истакна Папамихаил.
Членовите на интернационалното жири потврдија дека во пристапот при оценувањето на филмовите и доделувањето на наградите, главен акцент ќе биде ставен на кинематограферите бидејќи фестивалот е посветен токму на кинематограферите и нивната улога во снимањето на филмот.
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани