Џет-Сет
15. January 2017 - 20:11

На Ибеј се продава гума за џвакање, која ја џвакал Рајан Гослинг

Радио-водителот Мет Ричардсон беше домаќин на актерите Рајан Гослинг и Ема Стон, кои му гостуваа во емисијата поради промоција на филмот „Ла Ла Ленд“.

Пред емисијата Рајан ја оставил гумата за џвакање која претходно ја џвакал, по што водителот ја земал.

- Добро ја изџвака и веќе го нема оригиналниот вкус на ментол, раскажа Ричардсон.

- Ве предупредувам дека Гослинг беше малку болен, додава тој.

Парите кои евентуално ќе ги добие од оваа гума за џвакање ќе ги донира на здружение за справување со Алцхајмеровата болест.