На градската депонија на Велес целосно поправен фотоволтаичниот систем за производство на електрична енергија
На градската депонија на излезот од Велес кон Штипско џаде, целосно е поправен е фотоволтаичниот систем за производство на електрична енергија.
Како што појаснуваат од ЈКП „Дервен“ кое стопанува со Градската депонија, со тоа повторно е воспоставено осветлување на депонијата во ноќните часови.
Со поправката воедно е овозможено и нормално функционирање на хидрауличната преса за отпадна хартија, картони и полиетиленски материјал.
Фотонапонската сончева централа почна да функционира пред точно четити години, а на неа се инсталирани 24 панели со кои се произведува електрична енергија.
Овој систем е многу важен бидејќи заштедува енергија, а воедно и неговото функционирање во ноќите часови имајќи предвид дека веќе пет години сметот од домаќинствата во Велес се собира во текот на ноќта и се носи на Градската депонија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница