Македонија
12. April 2024 - 16:33

На Детска клиника и фалат медицински сестри и административен персонал

Без 21 лекар кои се на приватна специјализација ќе остане од понеделник Клиниката за детски болести поради најавениот генерален штрајк на оваа категорија на доктори.  За овој медицински кадар од установата велат дека нема да се соочат со проблеми во функционирањето, но дефицит има за медицински сестри и останат персонал. Откако пропаднаа ветувањата за вработување на 1117, сега ќе чекаат да поминат изборите.

-Имаме 4 медицински сестри, 5-6 кои работат на шалтери, садомијачи, хигиеничари, околу 20-30 лица се со договор на дело, вели Аркин Јахији, економски директор на Клиника за детски болести.

-Кога ќе помине изборниот период, ќе побараме вработување на средномедицински кадар и административен, вели доц.д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, медициснки директор на Клиника за детски болести.

Во првото тромесечје од годината двајца лекари од Детска заминале во пензија, уште двајца ќе го завршат работниот век следниот месец. Голем дел специјалисти изминатиот период заминаа да работат во приватни установи а некои ја напуштија државата.

Од клиниката велат дека засега имаат многу лекари на специјализација, но имаат и многу работа. Набавена е трикафта за сите 67 пациенти над 12 години кои имаат потреба од лекот. Од почетокто на епидемијата низ клиниката поминале и 6 доченчиња поради зараза со голема кашлица.