На денешен ден пред 54 години почина Мерилин Монро
На 5 август 1962 година во нејзиниот стан во Лос Анџелес беше пронајдено безживотното тело на една од најголемите холивудски ѕвезди во 50-те и 60-те години на минатиот век, Мерилин Монро
Најпознатата русокоса на сите времиња почина на 36-годишна возраст, а нејзината ненадејна смрт и кусиот бурен живот не престанаа да го будат интересот во јавноста.
Мерилин Монро, чие вистинско име е Норма Џин Мортесон, беше и остана олицетворение на холивудската убавина и гламур, а за многумина претставува најубава жена во светот. И покрај гламурозниот живот, Мерилин страдаше од депресија, која на крај и го уништи животот.
Нејзината ненадејна смрт поттикна и повеќе теории на заговор дека познатата ѕвезда е убиена, поради наводни љубовни врски со тогашниот американски претседател Џон Кенеди и со неговиот брат Роберт.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“