На Д Фестивалот во Дојран ќе настапат над 50 музички ѕвезди
Единствениот музички фестивал на отворено кај нас, популарниот „Д-Фест“ годинава ќе се одржи од 12 до 14 јили во Стар Дојран со тридневна, неверојатно богата програма и фестивалски камп.
На шест музички бини ќе настапат повеќе од 50 музички ѕвезди и над 100 уметници и креативци кои ќе земат учество во бројните активности,перформанси и работилници кои ќе се одвиваат на повеќе од 20 зони на годинашново деветто издание на „Д-Фест“, изјавија организаторите од Пасворд продукција и општина Дојран.
Трите фестивалски вечери на досега најголемото издание на фестивалот,покрај музичките настапи,вклучуваат и бројни работилници, изложби, дебати, базар на уметнички дела и ракотворби и уште многу други содржини кои придонесуваат ова да биде единствена фестивалска авантура кај нас.
Сместувачките капацитети во Дојран се веќе целосно иполнети што е уште еден показател дека овој Д-Фест ќе биде најуспешен до сега. Оние кои ќе купат билети заклучно со денешниот ден,10 јули,ќе го сторат тоа по промотивни цени од 800 денари за четири дневен билет без кампување,односно по 850 денари со кампување.
Ново на Сител
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје