На „БитФест“ во Битола - вечер на француска класична музика
Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со вечер на француска класична музика, концерт кој ќе го приредат гостинката од Франција, Фредерик Легранд- виолончело, и неговите придружници од Македонија Марко Поп Ристов-виолина, Марија Вршкова-пијано.
На македонската музичка јавност познати и се Марко Поп Ристов од Скопје и битолчанката Марија Вршкова, додека пак своето деби во Битола ќе го има Фредерик Легранд која на пијано почнала да свири на 3 годишна возраст, а подипломирањето на конзерваториумот во Валенсиен, таа почнала да го изучува виолончелото со Дејвид Лоуерс и Елен Датри и дипломирала на музичка уметност на Кралскиот колеџ за музика во 2009 година, кај Александар Бојарски.
Од „БитФест“ за Легранд информираат дека тааработи, компонира и свири
Нејзините нови проекти за 2018 година вклучуваат возбудлива програма на камерна музика на фестивалот„Лаудердејл хаус“ во Лондон од февруари до декември 2018 година, изведувајќи ги во трио и квартети, вклучувајќи ги Дебиси и Енеску сонатите.
Вечер во битолскиот Музеј, Легранд, Поп Ристов и Вршкова ќе ги изведат делата „Трио соната“ од Жан Баптист Лоилет, „Ла бандолин“ од Куперин, „Пиано трио“ од Дебиси и „Соната за виолина и пијано“ од Пуленц.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп