-->
-->
На автопат во Грција се превртел камион со македонски регистарски таблички
-->
Поради силен ветер, камион со македонски регистарски таблички се превртел на автопатот Комотини – Ксанти во југоисточниот дел на Грција, а возачот поминал без никакви повреди, објавија локалните медиуми, пренесе дописничката на МИА од Атина.
Сообраќајната несреќа се случила ноќта меѓу средата и четвртокот, а за да се врати камионот на автопатот, најпрво било повикано кран – возило од Комотини, но било мало, по што пристигнало поголемо од грчкиот град Кавала.
– Според очевидец, за малку ќе се превртеше и втор камион што го следеше првиот, а ветерот го крена на две тркала, пишува информативниот портал „Ин Комотини“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг