На аеродромот во Тирана од Израелец одземени 250 илјади евра
Граничната полиција на меѓународниот аеродром во Тирана на израелски државјанин му одзела 250 илјади евра.
Израелецот Ефим Ричман (49) пристигнал во Тирана со авионски лет од Москва, но не пријавил дека со себе носи толкава количина на пари.
Ричман изјавил дека парите во кеш ги носел за да почне бизнис во Албанија, односно дека контактирал со повеќе Албанци за да отвори стоматолошка клиника, а не ги пријавил бидејќи не ги познавал правилата за внесување девизи во Албанија.
Парите кои биле ставени во пет пакетчиња од по 50 илјади евра биле откриени на телото на Израелецот со помош на аеродромските скенери.
Дел од медумите наведуваат дека е можно парите да се внесени за зацврстување на руското влијание во земјата. Ова тврдење доаѓа по веста дека руска компанија за лобирање во полза на албанската опозициска Демократска партија, на ланските јунски парламентарни избори потрошила милон долари.
Премиерот Еди Рама вчера упати остри критики на адреса на опозициската Демократска партија и побара од јавното обвинитество да покрене обвинение.
Демократскиот лидер Љуљзим Баша веднаш ги демантираше ваквите информации, велејќи дека руската опасност доаѓа од Рама, кој тоа го прави со цел да го отргне вниманието на јавноста од катастрофалното владеење на Владата.
Албанските медуми пренесоа дека во истрагата денеска се вклучила ФБИ.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз