На 86-годишна возраст почина Боби Чарлтон, светскиот шампион од 1966 година
Освојувачот на светскиот фудбалски шампионат со Англија во 1966 година и добитникот на Златната топка истата година, Боби Чарлтон, почина денес на 86-годишна возраст, објави Манчестер јунајтед.
-Нашиот клуб жали за смртта на Сер Боби Чарлтон, еден од најголемите и најомилените играчи во историјата на Манчестер јунајтед. Сер Боби беше херој за милиони луѓе, не само во Манчестер или Велика Британија, туку и низ целиот свет каде што се игра фудбал. Клубот изразува искрено сочувство до неговата сопруга Лејди Норма, неговите ќерки и внуци и сите кои го сакаа, се вели во соопштението на клубот.
Чарлтон е производ на академијата на Манчестер јунајтед. Во текот на 17 години со клубот, тој одигра 758 натпревари и постигна 249 гола, го освои Европскиот куп, три англиски првенства и националниот куп.
Боби Чарлтон одигра 106 натпревари и постигна 49 гола за Англија и го освои Светското првенство во 1966 година. По пензионирањето, тој работеше за Манчестер јунајтед 39 години како клупски директор.
Ново на Сител
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД