На 20 септември ќе се слушаат „бомби“ за „Тортура“, без присуство на јавност
Со слушање на 35 дополнителни аудио снимки, судењето по предметот „Тортура“ на СЈО, ќе продолжи на 20 септември, на кое по барање на обвинителката Лиле Стефановска, јавноста ќе биде исклучена поради можна повреда на приватноста.
Денеска во судот се слушнаа „бомби“ како докази на СЈО, во кои се слушаше гласот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како на соговорниците им кажува дека е уапсен Љубе Бошковски, а во дел од нив бара да се пуштат снимките од апсењето без цензура на лицето.
Во раговорите се слушнаа и гласовите на новинарката Оливера Трајковска и бизнисменот Јордан Камчев каде првично Трајковска не го одобрува апсењето, но подоцна, во разговорите се слуша дека таа вели дека тоа е во ред бидејќи Бошковски извршил кривично дело. Мијалков од сопственикот на телевизија Канал 5, Емил Стојменов, и од уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ-Латас, бара веста за апсењето да се врти на телевизиите, а тие му ветуваат дека тоа ќе биде актуелно повеќе дена. Сашо Мијалков во разговор со брат му Влатко му кажува дека Љубе за ова дело ќе добие минимум осум години и дека вечерта во „Шутка“ ќе му пушти некој „надарен“. Во еден од разговорите меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и тогашниот портпарол на МВР Иво Котевски се слуша како Јанкуловска му кажува на Иво да не ги пуштаат снимките каде се гледа насилното приведување на Бошковски, оти Котевски ја информираше дека постоела снимка каде обвинетиот Ивица Антевски-Пуки му ставил пиштол во уста на Љубе.
Одбраната на обвинетите на почетокот на судењето побара да се исклучи јавноста за овие разговори, но судечкиот совет по паузата одлучи да се слушнат сите разговорите освен четвртата сника,што на следното рочиште ќе се слуша без јавност.
Во овој предмет обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата.
Ново на Сител
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција