-->
-->
МЗТ со нов убедлив пораз ја заврши „мизеријата“ во АБА лигата
-->

МЗТ Скопје Аеродром претрпе тежок пораз од 106:75 на гостувањето кај Морнар во Бар во рамки на АБА лигата.
Домаќините го контролираа текот на целиот натпревар и постојано беа во водство. Од четвртина во четвртина (29:13; 21;28; 29:17; 27:17) се повеќе растеше предноста на Бар, а „штрковите“ со проретчената клупа се обидуваа да ја намалат разликата која на крајот стигна до 31 поен позитива за домаќините.
МЗТ на гостувањето го предводеше помошниот тренер Ѓорѓи Кочов, бидејќи Жељко Лукајиќ поради семејни обврски морал итно да замине во својот дом во Србија.
А „штрковите“ беа ослабени поради отсуството на повредениот Бојан Трајковски, а Џордон Крафорд и Алексеј Нешовиќ немаат право на настап. Во меѓувреме замина и бугарскиот интернационалец Јордан Минчев.
МЗТ со овој пораз остана на само три победи во АБА лигата
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања
-
Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно