МЗТ Скопје убедливо поразен од Слобода Ужице во АБА 2
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром доживеаја убедлив пораз попладнево од Слобода Ужице од 81:67, во вториот натпревар на турнирот во Бања Лука во рамки на АБА 2 лигата.
Македонскиот првак добро го отвори натпреварот и на средина од првата четвртина имаше осум поени предност (18:10) што противникот постепено ја анулираше за израмнети 37:37 на полувреме.
Српскиот тим го отвори второто полувреме со серија од 10:3, искористувајќи го падот во играта на МЗТ Скопје за двоцифрена предност (62:49) на крајот од третата четвртина.
Последниот период од натпреварот не донесе резултатска промена за на крајот убедлив пораз од 14 поени разлика за МЗТ Скопје Аеродром.
Најефикасни во редовите на скопскиот тим беа Гравет (24 поени) и Олуџоби (19).
По шест одиграни натпревари во регионалната АБА 2 лига, кошаркарите на македонскиот првак имаат ефект од четири победи и два порази. Последниот меч на турнирот во Бања Лука тимот на Ѓорѓи Кочов ќе го одигра в недела од 21 часот против лидерот на табелата Студентски центар од Подгорица.
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола