МЗШВ: Исплатени 455,3 милиони денари кон 1771 сточар за обележани грла овци постари од 12 месеци
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на овци, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци.
- Како корисници на оваа финансиска поддршка се јавуват земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 30 овци постари од 12 месеци, на денот на поднесување на барањата за поддршка, и кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач, или предале/заклале јагниња во преработувачки капацитети. Од оваа подмерка исплатени се 1771 огледувач на овци со финансиска поддршка во висина од 455,3 милиони денари. Висината на финансиската поддршка изнесува 1.400 денари по грло овца, соопшти МЗШВ.
Со денешната исплата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци, посочува Министерството, во целост се заокружува финансиската поддршка за директни плаќања за обележани грла овци.
-Кон одгледувачите на овци во февруари најпрвин беше исплатена основната субвенција од 600 денари, која заедно со денешната исплата достигнува вкупна поддршка по грло овца од 2.000 денари. Дополнително, сите одгледувачи на овци што имаат предадено предадено или заклано јагниња во регистрираните кланични капацитети, според доставените списоци од кланичните капацитети, ќе добијат и дополнителна поддршка од 400 денари за заклано јагне, наведува Министерството.
Во соопштението МЗШВ посочува и дека кон крајот на 2023 година била реализирана досега најголемата исплата на премиите за произведено и предадено млеко, која опфатила период за седум месеци, односно фазите октомври - декември 2022 и јануари - април 2023.
-Со оваа исплата до сметките на 4.311 млекопроизводители исплатени беа 277,9 милиони денари. Вредноста на премијата изнесува 5 денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и 6 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко. Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година. Креиравме многу нови мерки за поддршка на сточарите и со право оваа година велиме дека е година на сточарството, наведува МЗШВ во соопштението.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе