МЗ: Вчера се аплицирани 7.202 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 456.607 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 278.202 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.202 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 482.058 дози вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани.
Со последните бројки 50 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор