МЗ: Нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки
Министерството за здравство ги демантира информациите што ги објавија неколку медиуми за наводни нови рестриктивни мерки.
До овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки, информира Министерството за здравство.
Во соопштението се посочува дека викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците и врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.
– Ги замолуваме медиумите да се воздржат од дезинформации. Граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните институции, Министерството за здравство и Владата на Република Македонија. По завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана, се нагласува во соопштението на Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори