МЗ: Комплетно реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната на Клиниката за детски болести
Во Универзитетската клиника за детски болести изминатиот период комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната за пациентите, со цел унапредување на условите за третман на пациентите, како и условите за работа на персоналот на оваа клиника.
Амбуланскиот дел е целосно обновен со нова опрема, извршени се бројни градежни зафати, поставени нови прозорци, нова електрика, а во дел од просториите е променет таванот и подот. Комплетно се обновени тоалетите за пациентите и персоналот, и набавен е нов мебел, наменет за овие оддели.
Со цел непречено функционирање на клиниката во услови на пандемија од коронавирусот, се применуваат посебни мерки за заштита и во таа насока поставени се нови шалтери за прием на пациенти, како и нови столчиња во чекалната на пациентите.
Исто така, комплетно се реновирани и опремени клиничката аптека, помошните простории и пералната.
Во однос на актуелната состојба со коронавирусот, од Клиниката апелираат до родителите кои имаат потреба да ги донесат своите деца на преглед, да ги почитуваат мерките за заштита препорачани од Министерството за здравство: носење задолжителна заштита на лицето на родителот и детето, одржување најмалку два метра физичка дистанца и честа хигиена на раце.
Од Клиниката велат дека децата заслужуваат секогаш повеќе и подобро и најавуваат дека многу скоро продолжува обновата и на другите одделенија на Клиниката.
Ново на Сител
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот
-
Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила
-
Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални
-
23 годишник силувал 11 годишно дете во Тетово
-
Трамп ќе биде осуден пред неговата инаугурација, во случајот мито за молчење
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дрона и 20 ракети во првите три дена од 2025 година
-
Од денеска до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Променливо облачно со дожд и снег