МЗ: Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација против Ковид-19
Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација против Ковид-19. Од нив, околу 2000 здравствени работници се во градот Скопје, а останатите се во другите градови, соопшти Министерството за здравство.
Со денешната прва пратка на вакцините од компанијата „Фајзер“ кои пристигнаа од Република Србија, посочуваат од Министерството, ја почнуваме вакцинацијата во Македонија.
Македонскиот здравствен систем е целосно спремен за имунизација на населението. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Вакцините се развиени на безбедни платформи и со нив ќе го спречиме ширењето на Ковид-19, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот