МВР: Во изминатите 24 часа не се издадени потврди за барање азил
МВР вчера не издала потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Од 1 јануари годинава до 15 март се издадени потврди за намера за поднесување барање за азил на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.
Од почетокот на годинава до 15 март до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лица од кои 22 од Сирија и седум од Авганистан врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана