МВР: Вчера издадени 410 потврди за барање за признавање право на азил
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил издаде 410 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија, соопшти денеска МВР.
Во периодот од 19 јуни 2015 до денеска во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 9.005 странски државјани, од кои 6.964 се од машки пол, 1.140 се од женски, 861 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 40 деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 6.194, потоа Авганистан - 771, Ирак - 493, Пакистан - 369, Сомалија - 302, Конго - 241, Палестина - 236...
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 13 барања од сиријски државјани за азил од нив четири за деца.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил денеска се евидентирани вкупно 32 баратели на азил, од кои 25 баратели на азил се мажи, а пак 7 баратели на азил се малолетни лица. Жени баратели на азил не се евидентирани.
Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се двајца баратели на азил со повреди на долните екстремитети (двајца мажи) и седум малолетни лица без придружба на старател.
До 17 часот, Црвениот крст пружи прва помош на 222 лица на железничките станици Табановце и Гевгелија. Извршен е транспорт на едно лице до општата гевгелиска болница, а по укажаната медицинска помош лицето е вратено на железничката станица. Дистрибуирани се 196 шишиња вода, 24 UNFPA пакети, 24 кутии двопек, 25 ќебиња и две пакувања пелени.
Ново на Сител
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски