МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
На 22.01.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот - обиколница на град Скопје, во близина на клучка Смилковци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(54) од с.Арачиново, скопско, патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(54) од Косово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(27) од с.Радишани, скопско, товарно возило „сканиа“ со приколка со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Д.В.(55) од Бугарија и паркиран автобус „санос“ со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.С., додека со телесни повреди се здобиле возачите Б.Б. и М.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом