МВР работи на расчистување на околностите на сообраќајки помеѓу „Туарег“, „Фолксфаген“ и „Рено“
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека работи на комплетно расчистување на околносите околу случените сообраќајни незгоди во текот на изминатата ноќ помеѓу возила „Туарег“ „Фолксфаген“ и „Рено“.
Според соопштението од МВР, синоќа во 23:20 часот Е.А. на бројот 192 пријавил дека во градскиот парк во Скопје, движејќи се по сервисната улица кон хотел „Парк“ со своето возило „Фолксваген“ со скопски регистарски таблици кое што го управувал, бил удрен од патничко возило „Туарег“ со скопски регистарски таблици кое доаѓало од спротивен правец.
- Поради тоа што возачот на „Туарегот“ по предизвиканата сообраќајна незгода не застанал туку се дал во бегство, Е.А. со возилото се упатил по него. Возачот на „Туарег“ продолжил да се движи по ул.„Франклин Рузвелт“, по што свртел десно по ул. „М.Т.Гологанов“, па потоа по ул.„Њуделхиска“, каде што предизвикал и втора сообраќајна незгода удирајќи во патничко возило „Рено“ со скопски регистарски таблици, и повторно, без да застане, продолжил кон ул. „Алжирска“, каде бил сопрен од полициска патрола, се вели во соопштението.
Од страна на полициски службеници, наведуваат МВР во соопштението, лично и непосредно било утврдено дека од возилото „Туарег“, сопственост на Агенцијата за вработување, излегле Д.С. и сопатничката Т.К..
- Д.С. на полицискиот службеник му кажал дека тој го управувал возилото, по што од од полицискиот службеник била известена Единицата за информирање и командување. За време на утврдувањето на идентитетот на Т.К., лицето кое го управувало возилото Д. С. разговарало на мобилен телефон и се оддалечило од возилото на неколку метри, по што со трчање се дало во бегство во правец на ул. „Дрезденска“. Од страна на УПС од ПСОН Карпош заедно со тимови од единицата АЛФА биле извршени обиколки во непосредната околина, но лицето не било пронајдено односно успеало да избега, информира МВР.
Околу два часот, додаваат, на ул.„Алжирска“, односно на местото каде што било оставено возилото „Туарег“ дошол М. Т. и на полициските службеници им пренел дека возилото „Туарег“ било управувано од негова страна.
- Од дадената изјава на М. Т. може да се констатира дека недоволно ги познавал околностите под кои се случени претходно опишаните сообраќајни незгоди, што наведува на заклучок дека тој не го управувал возилото. Изјавата на М.Т. не кореспондира со изјавата на сопатничката Т. К. и утврдената фактичка состојба на лице место од страна на полициските службеници кои што констатирале дека во возилото се наоѓале само лицата Д.С. и Т. К., наведува МВР и работи на комплетно расчистување на околносите околу случените сообраќајни незгоди, за што најавува дека јавноста ќе биде соодветно информирана.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз