МВР: Проверката во три средни училишта покажа дека пријавата за бомба е лажна
Министерството за внатрешни работи информира дека досега во три училишта се завршени проверките и е утврдено дека пријавата за поставена бомба е лажна, а проверките во останатите училишта се во тек и по завршувањето соодветно ќе информираат.
Девет училишта и денеска добиле закани за поставена бомба. Од МВР за МИА претходно потврдија дека попладнево околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера, исто така, по меил осум скопски среди училишта добија закани за подметнати бомби. По направените проверки утврдено беше дека станува збор за лажни пријави.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти