Македонија
27. April 2024 - 16:31

Теренска вакцинација

Активна имунизација со теренска вакцинација, организира Здравствен дом – Штип во рамки на европската недела на имунизацијата, која секоја година се одбележува од 24-ти до 30-ти април.

-Услугата е наменета претежно за луѓе кои имаат отежнат пристап до здравствените услуги и оваа акција ќе трае до средината на мај. Покрај тоа денес, планираме акција да сме поблиску до нашите дечиња со делење на рекламен материјал и нашите екипи се овде да одговорат на сите прашања, доколку родителите имаат дилеми околу имуниацијата. Воедно да ја промовираме имунизацијата како процес за заштита на здравјето на населнието“ – изјави д-р Дијана Коцева Миланова, Здравствен дом-Штип.

Едукативната кампања во изминатиот период во општината вроди со плод и доведе до зголемување на процентот на имунизација за сите редовни вакцини.

-Зголемена е свесноста кај родителите за значењето на имунизацијата за заштита на децата. Ние во општина Штип имаме над 90% одзив за сите вакцини. Нето послаб одзив од 87%, но потенцирам дека тоа сепак е над националниот просек,  за МРП вакцината. Овде не се работи за одбивање на примање на вакцината, туку за одложување на примање на истата. Сепак најголемиот број од родителите редовно ги носат своите деца да ја примаат вакцината кога тоа е предвидено во календарот за имунизација – додаде Миланова.

Во периодот што следува предвидени се работилници во предшколските установи, каде децата преку инерактивна игра ќе се ослободат од стравот што го чувствуваат кога ги посетуваат амбулантите. Родителите пак, при донесување на одлука за своите деца, да се базираат на сигурни извори, а доколку имаат дилеми да се обратат во пунктовите за имунизација.