Македонија
22. October 2024 - 17:17

MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум

Вчера во полициската станица било пријавено дека во селото Никиштане, општина Ѓорче Петров, во метална кутија била пронајдена муниција.

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид и од местото подигнале 151 куршуми за понатамошна постапка, објави МВР во дневниот билтен.