Македонија
17. July 2021 - 10:44

МВР: Приведен „копач“ на биткоини, крадел струја за 7 мајнери за криптовалути

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров, вчера во 14:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, при претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени седум компјутери „мајнери“ за копање на криптовалути. Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.