МВР: Не постои конкретна закана по безбедноста на македонските граѓаните
По повод терористички напади во Париз, а во насока согледување на состојбите и подигнување на нивото на безбедност и мобилност на полицијата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа колегиум со највисокото раководство во МВР.
На колегиумот, како што информира МВР, беше констатирано дека во моментов не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија и беа донесени повеќе заклучоци кои веднаш ќе бидат реализирани.
- Ќе биде зајакната безбедноста во и околу објектите кои се во функција на полицијата, ќе бидат зајакнати мерките и активности при обезбедување на јавни собири и спортски манифестации на кои има присуство на поголем број граѓани, како и зајакнување на контролата над мигрантите кои остваруваат влез во Република Македонија, а посебно во привремениот транзитен центар во Гевгелија, како и на северната и јужната граница опфатени со Одлуката за прогласена кризна состојба, се вели во соопштението од МВР.
Покрај оперативните активности во функција на поголема ефикасност и мобилност на полицијата и другите надлежни служби, за чие итно спроведување се задолжени организациските единици при Министерството, заклучено е да се преземат дополнителни мерки и активности за обезбедување личности и витални објекти кои ги обезбедува Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана