МВР: Македонски државјанин транспортиран од Унгарија за навремена медицинска нега
Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи денеска транспортираше македонски државјанин од Унгарија за да му се овозможи навремена медицинска нега.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, граѓанинот бил транспортиран поради влошена здравствена состојба.
- Имајќи ја предвид потребата да биде брзо пренесен во својата земја поради влошена здравствена состојба за време на неговиот престој во Унгарија, по добиено барање од Центарот за управување со кризи, македонскиот државјанин е преземен со полицискиот хеликоптер „бел“ 412, во содејство со претставници од Министерството за здравство и медицински тим од Градската општа болница „8 Септември“ и донесен во Скопје за понатамошна подолготрајна здравствена нега, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи