МВР: Издадени 83.272 потврди за намера за азил Скопје
Уште 1.623 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени на странски државјани од осум часот вчера изутрина до осум часот утринава. Таков документ од 19 јуни годинава досега е издаден на 83.272 странски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Од нив 55.634 се од машки пол, 11.317 се од женски, 13.803 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.518 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, како што информира МВР, најбројни се државјаните на Сирија-66.188, потоа Авганистан-6.308, Ирак-4.145, Пакистан-2.498 Палестина-907, Сомалија-623, Бангладеж-569, Конго-357, Иран-323, Нигерија-221, Камерун-164 Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-109, додека останатите се во помал број.
Според МВР, од 8 часот вчера наутро до 8 часот изутринава, до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
- Од започнувањето на издавањето на потврдите до 18.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, велат од МВР.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.09.2015 година евидентирани се 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна
-
Мицкоски на средби со ЕУ челниците во Брисел - Ќе пренесел порака за фрустрацијата на македонскиот народ
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Стотина прехранбени производи еден месец ќе имаат ограничена бруто профитна маржа до 10%
-
Мицкоски: Задолжувањето не е кинеско, ако ви пречи Кина зошто потпишавте договор со нив?