МВР: Фатен возач со 3,43 промили алкохол во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 333 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 39 санкции, 25 мерки за нерегистрирани возила, 8 санкции за технички неисправни возила за јавен превоз, 26 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 27 мерки за некористење сигурносен појас, 20 санкции за користење на мобилен телефон, 52 мерки за непрописно паркирани возила, 38 возила се подигнати од „пајак“ службата и 21 санкција за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори