-->
-->
МВП-то на финалето Леброн Џејмс го исполни ветувањето
-->
Популарниот „Крал’’ Леброн Џејмс успеа да го исполни ветувањетодадено пред две години при неговиот „кам-бек’’ во Кливленд и на овој тим да му ја донесе првата историска титула во НБА лигата,
Џејмс беше предвоникот на „Кавалирс’’ во неројатниот „кам-бек’’ во финалето против Голден Стејт во кое Кливленд до титулата стигна со 4-3 во победи иако екс-шампионот имаше водство од 3-1 и го делеше само еден триумф од одбрана на титулата.
„Се вратив со причина, се вратив да му ја донесам титулата на нашиот град. Ќе се случи најголемата забава која Кливленд некогаш ја видел. Дадов многу крв, пот и солзи во натпреварот. И луѓето сеуште се сомневаат што можам да направам“, изјави Џејмс мајсторката.
„Кралот’’ Џејмс одигра блескава партија, а завршувајќи го со 27 поени и по 11 скока и асистенции, направи неверојатно остварување, односно за прв пат по 1978 година, решавачкиот седми натпревар еден играч го завршил со „трипл-дабл’’ што беше повеќе од доволно на крај Џејмс да го добие признанието МВП (најкорисен играч) во финалето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија