Музеј на УЧК ќе се гради во Арачиново, градоначалникот вели дека тоа е неисполнето ветување
УЧК ќе добие нов музеј, барем ако се суди според ветувањето на градоначалникот на Арачаиново Ридван Ибрахими. Тој во изјава за ТВ 21 вели дека изградба на музеј на УЧК во Арачиново е едно од неисполнетите ветувања.
Тој објаснува дека допрва ќе треба да се избере локација за музејот и дека за таа намена има неколку места, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.
– Сè додека не е избрана локацијата што ми е приоритет, постојат различни форми. Тоа е едно од тие ветувања што ги дадов, на Арачиново му припаѓа музејот на ОНА, Арачиново има историја за големиот придонес што го даде за време на војната – вели Ибрахими.
Ако Ибрахими го реализира ветувањето, тоа ќе биде уште еден музеј посветен на поранешните припадници на ОНА.
Во Арачиново во 2005 година бесправно е изграден меморијален центар за загинатите припадници на поранешната ОНА. Музеј на борците на ОНА или како што е именуван музеј на слободата во 2008 година беше отворен во куќата на Јашар Бег во Скопје, додека пак, како дел од прославата по повод одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, во 2012 година во селото Слупчане беше отворен музејот посветен на конфликтот во 2001 година и на ОНА. Лани во Слупчане беше откриена спомен кула во чест на поранешните припадници на ОНА.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа