Музеј Куманово објави повик до уметниците за учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници“
Уметничката Галерија при НУ Музеј Куманово, објави повик за учество на академски уметници на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2019 “. Уметничката галерија традиционално ја организира изложбата во чест на Денот на ослободување на Куманово 11 Ноември, на која се презентира творештвото на кумановските ликовни уметници. Повикот за пријавата ќе трае до 10 октомври, а изложбата ќе се реализира на 10 ноември.
– Годинава градот, прославува голем јубилеј – 500 години од постоењето (1519-2019), па во таа насока преку оваа изложба која претставува единствена од овој тип во смисла на синергија, обединување на ликовните творци и презентација на нивното творештво на ликовната сцена во Куманово, поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија, во рамки на манифестацијата „Куманово-град на културата 2019“ и од градоначалникот и локалната самоуправа, очекуваме поголем одѕив во однос на минатите години и богата продукција богата и по квалитет и квантитет, изјави кустосот од Уметничката Галерија, Драгана Спасковска.
Ново на Сител
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања