Мустафа: Идниот месец Хашим Тачи ќе стане претседател на Косово
Следниот месец косовскиот Парламентот ќе го избере лидерот на Демократската партија на Косово и актуелен вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи, за нов претседател на Косово, изјави косовскиот премиер Иса Мустафа за телевизијата Дукаѓини.
Кака што јави дописникот на МИА, запарашан дали Тачи ќе ги има гласовите на Демократскиот сојуз на Косово, чиј лидер е Мустафа, косовскиот премиер изјави дека „сите треба да го почитуваат договорот“.
Со договорот, постигнат при формирањето на Владата на Косово на крајот од ноември 2014 година, се предвидува Мустафа да ја преземе функцијата премиер, а Тачи да биде избрен за шеф на државата по истекот на мандатот на актуелната претседателка Атифете Јахјага во 2016 година.
Претседатлот на Косово, согласно Уставот, го избири Парламентот, иако се погласни се барањата шефот да се избира непосредни избори. Меѓу поддржувачите на ова идеја е лидерот на Алијансата за Ново Косово и еден од најбогатите Албанци, Беџет Пацоли, кој побара народот него да го избира за претседетел со дорекно гласање.
Во врска со ново најавените протести на опозицијата, Мустафа изјави дека Косово е демократска земја и оти мирните протести се право на секого.
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило