Мустафа: Дијалогот со Србија може да биде завршен на есен
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Иса Мустафа изјави дека процесот на дијалог со Србија може да биде завршен на есен, пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави.
– Ако тоа е случај, тогаш агендата ќе биде во овој временски рок. Мирослав Лајчак, со кого разговаравме вчера, беше убеден дека оваа работа треба да се направи до крајот на годината, без никакви ветувања. Убеден сум дека тоа може да се постигне, рече Мустафа за КТВ.
Тој оцени дека е важно да се постигне договор со Србија пред изборот на новиот претседател на Косово.
– Коалицијата може да го издржи мандатот, но соочувањето е поврзано и со решавање на прашањето на претседателот. Доколку претседателот не биде избран, тоа ќе биде комплицирано затоа што тогаш влегуваме во парламентарни избори и по 5-6 месеци имаме локални избори, а тоа е период што не му одговара многу на Косово, рече лидерот на ДСК.
Тој додаде дека дијалогот со Србија ќе биде завршен наскоро ако, како што оцени, постои заложба од Вашингтон и соработка меѓу САД и Европската унија во завршувањето на процесот.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка