Фудбал
31. May 2024 - 13:37

Мурињо седнува на клупата на Фенербахче

Поранешниот фудбалски стратег Жозе Мурињо ќе седне на клупата на турскиот гигант Фенербахче, објави денеска италијанскиот новинар Џанлука Ди Марсио.

Според изворот, назначувањето на 61-годишниот Португалец може да биде објавено уште денеска, а Мурињо ќе потпише двегодишен договор со турскиот клуб.

Мурињо е без тренерски ангажман од јануари кога му беше врачен отказ во Рома.

Фенербахче минатата сезона заврши на второто место во турскиот шампионат, а титулата ја освои градскиот ривал Галатасарај.