Мурињо откри кој бил најемотивниот момент во неговата кариера
Легендарниот Жозе Мурињо имаше многу импресивни победи во својата тренерска кариера, но една од нив има посебно место во неговото срце.
Во интервју за документарната серија на Би-Би-Си „Како да се освои Лигата на шампионите“, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед и Интер го именуваше мечот што најемотивно го доживеа - реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите во 2010 година, кога Интер ја елиминираше Барселона на Пеп Гвардиола.
По победата од 3-1 во првиот натпревар, „нероазурите“ се најдоа во исклучително тешка ситуација на „Камп Ноу“ откако Тиаго Мота доби црвен картон во 28. минута. Иако Жерар Пике постигна гол за Барса на шест минути до крајот, Интер го одржуваше водството со играч помалку речиси цел натпревар. Крајот на мечот ги ослободи емоциите кај Мурињо, кој упадна во радосен спринт низ теренот.
-Тоа значеше да се победи најдобриот тим во Европа во тоа време. А фактот што речиси никој не веруваше дека тоа е можно даде дополнителна мотивација. Играњето со 10 играчи толку долго го направи овој натпревар апсолутно неверојатен од емотивна гледна точка. Ако треба да изберам еден најемотивен настап на мојот тим во овие 20 години - тоа е тоа, изјави Специјалниот.
Интер потоа го совлада Баерн Минхен со 2-0 во финалето и освои тројна круна во сезоната 2009/2010.
Ново на Сител
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа