Мурати: Уставниот суд со внимание работи на предметот околу Законот за помилување
Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати во изјава за медиумите денеска во Тетово потенцира дека нема да се коментира предметот околу Законот за помилување додека постапката е во тек.
-Што се однесува до постапката ние со особено внимание се приближуваме до сите предмети. Предметите се во тек и да прејудицирам или да коментирам предмети во тек не е од особено значење. Ние со длабоко внимание работиме со предметите, јавноста благовремено ќе биде известена преку нашите служби, портпаролот, веб сајтот и другите средства за јавно информирање за преземените активности на Уставниот суд, рече Сали Мурати.
На новинарско прашање дали овие активности на Уставниот суд ќе влијаат на Законот за помилување во Собранието, Мурати вели дека тоа е дополнителна тема.
-Тоа е друга тема во друга прилика ќе се изјасниме, рече Мурати.
Претседателот на Уставниот Суд, Сали Мурати по повод Меѓународниот ден на човековите права, учествува на трибина на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите