Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетoв, по денешната победа над Катар со 39:34 не го криеше задоволството од прикажаната игра на репрезентативците.
– Секако дека сум апсолутно задоволен од оваа втора победа, од пристапот на нашите ракометари, од квалитетот што го прикажуваат на ова Светско првенство. Тие се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Штета што поради сплет на околности, поддршката од трибините не е како на првите две средби. Тоа што беше до нас го направивме. Заеднички да ги задржиме момците со фокус на натпреварите и тоа што најдобро го знаат да го пружат на теренот. Јас сум им благодарен и многу среќен што еве се покажува дека оваа репрезентација има квалитет и во иднина да ни приредува радости. Заедно со Кире Лазаров трпевме многу критики последните неколку години, но покажавме дека сме на вистинскиот пат, изјави Мукаетов.
Токму Мукаетов е човекот кој е еден од најзаслужниот за континуитетот на репрезентацијата на големите натпреварувања со обезбедувањето на беспрекорни услови за работа на стручниот штаб и на ракометарите.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?