Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, има многу простор за напредување
Горд сум на овие момци, од еден до последен се бореа до последна минута. Покажавме карактер, покажавме како треба да се игра за Македонија.
Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Филип Кузмановски, по поразот од Франција синоќа (32-25) изјави дека ќе треба да помине малку време за да разберат колку е пропуштено како репрезентација и колку шанси имаа „црвено-жолтите“ за пласман во четвртфинале.
- Горд сум на овие момци, од еден до последен се бореа до последна минута. Покажавме карактер, покажавме како треба да се игра за Македонија. Има многу простор за напредување. Покажавме како треба да се бориме. Добро работиме и веруваме во тој систем што ни го покажа Лазаров. Кире многу ни има овозможено во однос на тоа како да се справиме на натпреварите и како да го анализираме противникот, истакна Кузмановски.
За мечот со Франција, смета дека во тимот имало и малку умор и тешко е да се игра против нив.
- Тоа е тим со големи ѕвезди, но собравме сила и одигравме до крај. Среќен сум и одиме напред, порача капитенот на Македонија.
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека