Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
Благодарни сме што НАТО го препознава Западниот Балкан како регион од стратешка важност за Алијансата. Цврсто веруваме дека продолжувањето на блиската координација и заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот се од суштинско значење, првенствено преку забрзување на процесите на европска и евроатлантска интеграција. Ова е од суштинско значење за зацврстувањето на стабилноста и затворањето на вакуумот кој е подобен за дестабилизирачки влијанија од трети страни, истакна денеска министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на НАТО работниот појадок во пресрет на Самитот во Вашингтон следната недела, на кој ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Алијансата.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на НАТО работен појадок, на кој присуствуваа амбасадорите на земјите членки на НАТО, како и Украина, Јапонија и ЕУ.
Говорејќи пред амбасадорите, шефот на дипломатијата ја потенцираше поддршката кон напорите на меѓународната заедница, особено улогата на ЕУ и САД за нормализација на односите Белград-Приштина, а како што посочи, земјава како НАТО и идна ЕУ членка е загрижена и за последнте случувања во БиХ.
- Меѓуетничката недоверба, зголемените сепаратистички закани, етнонационалистички агитирања и натаму ја поткопуваат стабилностa. Сите напори да ги вложиме за одржување на мирот и стабилноста во регионот, истакна Муцунски.
Тој потенцира дека кибер нападите, дезинформациите, влијанијата од трети страни се предизвици што треба да бидат во центарот на вниманието и истакна дека овие појави подеднакво ги погодуваат сите држави во регионот.
Ново на Сител
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица