Муцунски во Дубровник на средби со Радман, Кулеба и Лајчак, интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ во фокусот на разговорите
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на неговото учество на Дубровник форумот, коствари одвоени средби со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и посебниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак.
Во фокусот на разговорите, како што информираат од неговиот Кабинет, биле интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците констатирале дека продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде поттик за земјите од регионот, но и суштински интерес за земјите членки и Унијата како целина.
-Воедно, стана збор и за променетиот геополитички контекст по руската воена агресија врз Украина, при што беше нагласена силната и непоколеблива поддршка за украинскиот народ се’ додека е потребно. Беше констатирано дека земјите од регионот и Украина имаат заедничка иднина, а таа е членството во Европската иднина, се вели во соопштението од МНР.
На средбите биле разменети мислења и за состојбите во земјава, целокупната регионална динамика, како и за актуелните прашања од надворешно – политички и безбедносен карактер.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека