Процесот за заздравување може да потрае и до две години за дваесеттина од повредените во Кочани
На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години. Тоа денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата.
- Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребна за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација, рече Таравари.
Тој рече дека времетраењето на рехабилитацијата варира, процесот на нивно заздравување би можел да трае меѓу еден до 24 месеци кај потешките случаи.
- На околу 20 пациенти ќе им е потребна продолжена рехабилитација...За нив се подготвува центар во рамки на болницата „8 Септември“. Имаме и понуди од неколку држави за бесплатна подолготрајна рехабилитација, рече тој.
Таравари посочи дека ќе се направат обиди да се обезбедат и средства за покривање на трошоците за престој на некој членови на семејствата на оние пациенти кои подолго време ќе останат на рехабилитација во странство.
Што се однесува на состојбата кај повредените во несреќата во Кочани, последните информации се дека од 47 пациенти кои се на лекување во странство само еден е во критична здравствена состојба.
- Едниот од двајцата кој беа критични, денеска е подобар и се надеваме дека состојбата ќе се подобрува, рече Таравари.
Притоа за денеска не е предвидено враќање на некој од повредените кои се на лекување во странство. Најавено е враќање на еден од нив во текот на утрешниот ден.
Моментално во здравствените установи во земјата има пет хоспитализирани пациенти, по двајца во болницата „Свети Наум Охридски“ и во „Систина“, додека на Клиниката за пластична хирургија е хоспитализиран само еден пациент, а двајца се третираат амбулантски, односно се рехабилитираат во домашни услови, а доаѓаат на третман во клиничкиот центар.
Ново на Сител
-
Во Истанбул денеска ќе има тројни средби на претставници на САД и Турција со Украинците и Русите
-
Најмногу врнежи на Попова Шапка
-
Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, успеавме да бидеме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата
-
Во Лондон уапсен Украинец поради подметнување на пожар на имотот на Стармер
-
Сиљановска Давкова - Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција
-
Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад
-
Презентација на Извештај за состојбата на Ромите во Северна Македонија во 2024/2025
-
Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана