Муцунски: Целта е Аеродром да биде современа општина којашто природно припаѓа на 21-от век
Со промените кои доаѓаат од 17 октомври, гарантираме дека Аеродром ќе биде општина без корупција, ќе биде современа и дигитализирана. Еден од нашите клучни фокуси е проектот наречен СМАРТ Аеродром, најави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Во рамки на тој проект, како што појасни, примарно ќе се гарантира дигитализирање на сите услуги што ги обезбедува општината. Предвидуваат создавање на нов проект преку апликација наречена „Смарт Аеродром“, така што сите граѓани ќе можат своите проблеми да ги решаваат и пријавуваат преку лесна апликација.
– Општината ќе има и нов Хаб за деловни активности, место каде што млади претприемачи ќе може да добиваат и финансиска и институционална поддршка за развој на своите деловни идеи. Овој проект опфаќа и многу голем број на активности, како што е создавање на нов систем на Паметно осветлување ширум општината.Нови интернет зони со бесплатен пристап за сите наши граѓани, рече Муцунски.
Додаде дека целта е да има современа општина, којашто природно припаѓа на 21-от век.
Ново на Сител
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди