-->
-->
Му здодеало по 30 секунди: Астронаутот кој прв орбитирал околу Месечината не бил импресиониран од глетката
-->
Френк Бормен, првиот човек кој во 1968 година летал околу Месечината, објаснил дека глетката од Аполо 8 била интересна одвај 30 секунди и дека цело време сакал да се врати дома.
Бормен раскажал дека неговите колеги астронаути биле опседнати со вселената, но нему му било "прилично здодевно".
Астронаутот објаснил дека за него тоа претставувало само уште една "битка" во текот на Студената војна и дека немал ниту најмала желба да стапне на Месечината. За него, таа е само еден обичен збир од кратери без никаква боја, само различни сиви нијанси.
"Сакав да учествувам во таа авантура со цел да ги победам - тоа беше единствената работа која ме мотивираше, желбата да ги победам проклетите Руси", изјавил тој.
На прашањето од луѓето дали е интересно да се лета во бестежинска состојба, тој кратко одговорил "Не".
Иако се зборувало дека поради магичните глетки на бродот требало да се најде и поет, Бормен открил дека тоа е измислица и дека никогаш не рекол нешто такво.
"Последната работа која би ја посакувал во мојата посада е поет", заклучил тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реформа во образованието: Децата ќе остануваат подолго во училиште, ќе имаат многу спорт, интерактивна настава...
-
Потврден случај на морбили кај 12 годишно дете од Петровец – заразата е увезена од Србија
-
Нова серија обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – имаат ли некаков ефект?
-
Прием за Денот на независноста
-
По Нова година државата може да остане само со двајца пиротехничари
-
Преглед на вестите од светот
-
Втор случај на морбили во Македонија
-
СДСМ: Братучедот на баџанакот на Мицкоски имал фирма во Бугарија