Драма во авион: Пијан патник се обиде да влезе во кокпитот, тврдејќи дека знае подобро да управува од пилотот
Еден пијан патник се обиде да влезе во кокпитот на авион на компанијата „ИзиЏет“ на висина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот е „некомпетентен“ и дека тој знае подобро да управува со леталото, но екипажот и патниците успеаја да го совладаат.
Авионот, кој полетал од аеродромот „Гатвик“ во Лондон кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен.
Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, по што добиле аплауз од исплашените патници, пишува весникот „Сан“. По слетувањето во Минхен, германската полиција го уапсила, а патниците ја поминале ноќта во хотели.
Еден од патниците изјавил дека персоналот на авионот се однесувал одлично, но дека „драмата била многу вознемирувачка“.
Од компанијата рекоа дека ваквите инциденти се ретки и дека не толерираат несоодветно или заканувачко однесување.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина