Mу ставиле и лисици: Петгодишно момче пет часа задржано на аеродром во Вашингтон поради указот на Трамп
Американските власти задржале петгодишно момче цели пет часа на аеродром во Вашингтон, бидејќи „претставувал закана“, а наводно му ставиле и лисици, јави Си-Би-Ес.
Момчето на аеродромот во Вашингтон се одделило од мајката, а властите „го уапсиле, бидејќи претставувал закана“.
Момчето е американски државјанин, кој живее во Мериленд и е само една од повеќето лица, задржани на аеродромите поради указот на претседателот Доналд Трамп за мигрантите.
Кога повторно ја видел мајка му, која е по потекло од Иран, цврсто ја прегрнал.
На прашањето за тој случај портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер застана во одбрана на одлуката на Трамп за забраната за влез на муслимани во земјата, а ја одбрани и постапката на службениците во тој случај.
Тој изјави дека мора да се провери дали децата се со родителите или не.
- Да се претпостави дека некој не е закана само поради неговата возраст или пол е погрешно, додаде Спајсер.
Ново на Сител
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството