Му платила оброк на непознат човек, кога се вратила дома ја дочекало вистинско изненадување
Додека нарачувала појадок во ресторанот во Америка, Ангела Брокс одлучила да го плати оброкот на личноста која е позади неа.
Откако ја почуствала благодарноста поради се што другите направиле за неа, Ангела на касиерката и кажала: „ Наплатете ми го оброкот на оној кој е позади мене“, пишува Mad World News. Случајно се паднало позади неа да биде Коди Јатерс.
Трогнат од добродушниот гест, полицаецот одлучил да открие која е жената која му го платила оброкот. Јатерс дознал како сопругот на Ангела, Џеф Брокс се бори со смртоносниот рак и дека нивната ќерка Меган има церебрална парализа. Полицаецот не можел да верува дека некој со толку големо бреме помага на странци наместо да бара помош од другите. Полицаецот решил да и се одолжи.
Јатерс им раскажал на своите клеги што направила Ангела за него. Ги прашал дали некои сака да се приклучи во донацијата за да и помогнат. За само еден час полицајците собрале 520 долари. јатерс дури отишол и во неколку цркви за да собере пари.
Семејството кое не очекувала ништо за возврат, било толку трогнато со гестот што дури и заплакале. Продолжиле со дружење, а планираат нивната дружба да продолжи.
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани