МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2021 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 2 декември 2021 година.
-Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска за корисниците чие презиме почнува на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ, и утре за оние чие презиме почнува на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, информираат денеска од МТСП.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
Ново на Сител
-
Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство, четири во критична состојба
-
Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад
-
Двајца починати при пукање во с.Волково
-
Тухел: Белингем треба да биде малку подисциплиниран за да го достигне својот целосен потенцијал
-
Роналдо одговори за прославата на Расмус Хојлунд на дуелот од Лигата на нациите
-
Јувентус го отпушти Мота, Игор Тудор ќе го замени
-
Барселона заинтересирана за Тонали
-
Консеисао: Дојдов во Милан за да ја освојам Лигата на шампионите