Барселона заинтересирана за Тонали
По шпекулациите дека Барселона сака да го ангажира Бруно Гимараеш, каталонските медиуми сега тврдат дека клубот е заинтересиран за уште еден играч од средниот ред на Њукасл - Сандро Тонали.
Интересот за Италијанецот всушност датира од многу одамна. Уште во 2020 година, претседателот на Бреша, Масимо Челино, тврдеше дека одбил понуда од 65 милиони евра плус двајца играчи од Барселона за Тонали. Италијанецот потоа се пресели во Милан, пред Њукасл да го ангажира за 70 милиони од европската валута.
Играчот од средниот ред ја отслужи казната за обложување и оваа сезона игра одлично со „страчките“.
Доколку Њукасл некогаш се согласи да се раздели од него поради која било причина, англискиот клуб ќе побара прилично висока сума за трансфер, која Барселона тешко ќе може да си ја дозволи во сегашната ситуација. Дополнително, приоритет во лето останува привлекувањето на ново лево крило. Сепак, од „Камп Ноу“ ќе продолжат да ја следат ситуацијата со Тонали на долг рок, тврди „Мундо Депортиво“.
Ново на Сител
-
Зеленски предлага 30-дневно, наместо 30-часовно примирје, како што објави Русија
-
Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул
-
Почина Тоше Поп-Симонов
-
Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден
-
Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле
-
Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет
-
Путин објави велигденско примирје - запираат сите воени операции
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос